„Гугл“ го послуша Трамп ја прекинува соработката со кинеската компанија „Хуавеј“

Овој прекин на соработката може значајно да ѝ наштети на работата на „Хуавеј“, кој ќе загуби пристап до ажурирањата.

361

„Гугл“ ја прекинува соработката со кинеската компанија „Хуавеј“, по мерките на САД против Кина.

Мерката ги опфаќа сите зaеднички дејности во врска со трансферирање хардвер, софтвер и сервисите, но не и софтверот со отворен код што се развива во „Гугл“ и кој „Хуавеј“ би можел да го користи, како што е програмата АОСП – отворена верзија на Андроид, достапна како слободен софтвер.

Уредите на „Хуавеј“ веднаш ќе останат без надградби и нови верзии на содржините на „Гугл“. Новиот смартфон на „Хуавеј“ нема да има пристап до Гугл плеј стор, Јутјуб, Џимејл, Гугл драјв и Хром.

– Ги разгледувамме последиците од овие одлуки. За корисниците на нашите услуги, Гугл плеј и Гугл плеј протект, тие услуги и натаму ќе функционираат на уредите на „Хуавеј“ – изјави претставник на кинеската компанија, без да открие натамошни подробности.

Овој прекин на соработката може значајно да ѝ наштети на работата на „Хуавеј“, кој ќе загуби пристап до ажурирањата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...