Гувернер на германска покраина пронајден мртов со прострелна рана во главата

203

Гувернерот на германскиот регион Касел, Валтер Либке, денеска е пронајден мртов во дворот пред неговата куќа.

Полицијата соопшти дека причината за смртта на е позната и оти е покрената истрага.

Меѓутоа, германските медиуми јавија дека негово тело е пронајдено со прострелна рана на главата и оти истрагата ќе открие дали се работи за убиство или самоубиство.

Либке е 65-годишен политичар од владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ). Беше пратеник во покраинскиот Парламент во Касел и ја водеше Владата на регионот 10.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...