Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии на годишните средби на ММФ и Светската банка

Како што соопштија од Народна банка, предвидено тие да остварат средби со високи претставници на ММФ, СБ, Европската инвестициска банка (EИБ) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции.

180

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, учествуваат на годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и групацијата на Светскатa банка (СБ) во Вашингтон, САД.

Како што соопштија од Народна банка, предвидено тие да остварат средби со високи претставници на ММФ, СБ, Европската инвестициска банка (EИБ) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции.

Закажани се одделни состаноци со директорот на ММФ за Европа, Пол Томсен, со извршниот директор на ММФ задолжен за Конституенцата во којашто членува нашата земја, Антони де Ланој и неговиот заменик, Ричард Дорнбош, како и со вишата резидентна претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и со шефицата на мисијата на ММФ во земјава, Берглјот Бјорнсон Баркбу.

Се очекува на средбите акцент да биде ставен на монетарната политика, економскиот развој и економските показатели коишто ги следи централната банка, како и на состојбите во банкарскиот сектор кај нас.

Предвидено е делегацијата да оствари состаноци и со потпретседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Мулер, со регионалната директорка на СБ за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, како со извршниот директор на СБ за Конституенцата во којашто членува нашава земја, Кун Дависе. На овие состаноци ќе се говори и за финансискиот и банкарскиот систем, како и воопшто за финансиската стабилност на нашата земја.

Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии ќе остварат средби и со потпретседателката на ИФЦ за Латинска Америка, Карибите, Европа и Централна Азија, Георгина Бејкер и со потпретседателот на ЕИБ, Андре Мекдовел. На средбата со Мекдовел планирано е да се дискутира и за остварувањето на зацртаното во меморандумот за соработка меѓу Народната банка и ЕИБ во спроведувањето на Анкетата за кредитната активност за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, којшто беше склучен во април годинава, во рамки на Пролетните средби на ММФ и СБ.

Како претставник на шесте земји од регионот коишто сѐ уште не се членки на Европската Унија, во рамки на Средбите во Вашингтон, Ангеловска-Бежоска ќе учествува и на состанок на надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2.

Годишните средби на ММФ и СБ се одржуваат секоја година и на нив учествуваат гувернерите на централните банки и министрите за финансии на земјите членки. Редовно, во дискусиите на средбите, акцентот е ставен на актуелните случувања во светската економија и на важни теми како што се поттикнувањето на економскиот раст, намалувањето на сиромаштијата и промовирањето одржлив и инклузивен економски развој за сите целни групи во општеството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...