Гуаидо ја повика војската да дозволи влез на хуманитарна помош во Венецуела

103
ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez

Самопрогласениот времен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо, ја повика војската да дозволи влез на хуманитарната помош за Венецуела, која се очекува да пристигне во земјата на 23 февруари.

– Ве молам, на 23 февруари да го слушнете гласот на народот кој, како што знаете, има недостиг од храна и лекови. Овозможете да пристигне хуманитарна помош и отворете ги вратите за подобра иднина за сите. Венецуела се потпира на вас, напиша Гуаидо на Твитер.

Гуаидо претходно најави дека на 23 февруари во земјата ќе биде доставена американска хуманитарна помош.

Министерството за одбрана на САД соопшти дека Вашингтон ќе обезбеди логистичка поддршка за испорака на хуманитарна помош за Венецуела.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, пак, најави дека на 20 февруари Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош на Каракас.

Гуаидо, кој е спикер на Националноот собрание на Венцуела, на 23 јануари се самопрогласи за привремен претседател на земјата. САД и повеќе други западни држави го признаа Гуаидо и побараа венецуелскиот претседател Мадуро, чиј избор го сметаат за незаконски, да не призема насилни дејства против опозицијата. Мадуро, кога Русија, Кина, Турција, Куба и други држави го признаваат како легитимен претседател на Венецуела, оцени дека Гуаидо е „марионета на САД“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...