Гуаидо тврди дека има контрола врз нафтената корпорација „Ситго“

69
ФОТО: EPA / WLADIMIR TORRES

Лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо изјави синоќа дека веќе воспоставил контрола врз нафтената корпорација Ситго (Citgo) каде главен акционер е венецуелската државна нафтена компанија „Петролеос де Венесуела“ .

Властите „сакаа да украдат се, но ние веќе имаме контрола врз Ситго и лиценца за продолжување на работата на компанијата каде спасивме една важна национална актива“, напиша Гуадо на Твитер.

На 23 јанаури Гуади се прогласи за в.д претседател на државата и беше признат од САД и голем број други држави. На 28 јаануари САД воведоа санкции против Петролеос де Венесуела. На Ситго, американска филијала на Петролеос, му беше дозволено да продолжи да работи во САД.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...