Гуаидо подготвен да го избрка Мадуро од власт: Се разбудивеме од кошмарот

385
ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez

Самопрогласениот времен претседател на Венецуела Хуан Гуаидо изјави дека е подготвен да ја „заврши работата“ и да го натера актуелниот шеф на државата Николас Мадуро да замине од власт, и истовремено ги отфрли стравувањата дека може да дојде до вооружен судир во земјата.

Тој во интервју за британски „Гардиан“’ рече дека Венецуела преживува „речиси волшебен момент“ во новата потрага по демократија.

Комбинацијата на меѓународната поддршка, опозициското единство и новите протети, според него, и даваат на Венецуела единствена шанса „да го остави хаосот зад себе“.

Гуаидо, исто така, најави нови протести в среда и сабота, кога истекува ултиматумот на ЕУ до Мадуро за распишување нови избори.

– Фрустрацијата се претвори во надеж. Луѓето се осмелуваат повторно да сонуваат. Се разбудивме од кошмарот. Имаме нови сништа, сонуваме за иднината на нашата земја, не за тоа што сме, туку што можеме да станеме, вели Гуаидо во интрвјуто.

ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...