Гуаидо повика на протести пред воените бази

64
foto MIA

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо повика на „мирни“ протести пред воените бази, со цел на војската да и се упати барање да го напушти претседателот Николас Мадуро.

– Сабота 4 мај: мирна национална мобилизација кон главните воени единици, со цел да преминат кон Уставот – напиша Гуаидо на Твитер.

Опозицискиот лидер и претседател на Парламентот, кој во јануари на митинг се прогласи за времен претседател на Венецуела, во вторникот ја повика бојската на бунт против социјалистичката Влада.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...