Гуаидо: Во моментов нема договор, па единствена шанса е да продолжиме со протести

82
ФОТО: EPA / WLADIMIR TORRES

Венецуелскиот лидер на опозицијата, Хуан Гуаидо, нагласи дека ќе продолжи со протести откако разговорите со официјалните претставници на венецуелската влада во Норвешка завршија синоќа без напредок во решавањето на кризата во Венецуела.

На состанокот во Осло, делегатите на опозицијата ги повторија нивните апели до претседателот Николас Мадуро да поднесе оставка и да дозволат преодна влада да одржи претседателски избори.

– Во моментов нема договор, така што нашата единствена шанса сега е да продолжиме со улични протести – изјави Гуаидо за Фокс Биизнис Нетворк.

Тој додаде дека „сакаме да го решиме конфликтот“.

„Страните во преговорите покажаа подготвеност да напредуваат во потрагата по уставно решение преку преговори вклучувајќи ги политичките, економските и изборните прашања“, соопшти вчера норвешкото Министерство за надворешни работи.
„Со цел да се зачува процесот што може да даде резултати, страните се повикуваат да бидат исклучително внимателни со своите коментари и изјави за овој процес“.

ФОТО: EPA / WLADIMIR TORRES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...