Гуаидо вети дека ќе се врати во Венецуела за нови протести против Мадуро

99
ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо вети дека наскоро ќе се врати во Венецуела за да почне нови протести против претседателот Николас Мадуро.

Гуаидо оваа порака ја испрати од Колумбија, по состанокот со регионални дипломати и американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Тој рече дека наредните денови ќе го објави датумот кога ќе се врати, као и акциите со цел добивање поддршка меѓу венецуелските воени и државни функционери.

Повеќе од 50 земји во светот до сега го признаа Гуаиди како привремен претседател на Венецуела.

ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...