ГТЦ во загуба поради судски решенија

Од ГТЦ велат дека нивна цел е годинава да остварат позитивни резултати, а тоа ќе го направат со максимално ангажирање и целосно искористување на капацитетите.

596

Градскиот трговски центар (ГТЦ) лани оствари загуба од 25,9 милиони денари (422 илјади евра), соопшти државното друштво преку Македонска берза.

Како главна причина за загубата, според образложението од ГТЦ, се судски решенија од минатите години.

Лани, како што е соопштено, Душтвото оствари вкупни приходи од 210 милиони денари кои се поголеми за 13 отсто во однос на претходната 2017 година, а вкупните трошоци изнесуваат 236 милиони денари и се за еден отсто помали во однос на претходната 2017 година.

Од ГТЦ велат дека нивна цел е годинава да остварат позитивни резултати, а тоа ќе го направат со максимално ангажирање и целосно искористување на капацитетите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...