ГСОЛ/ Еуроникел: Тасева го крши законот за приватност

527

Во својата желба и понатаму еднострано да упатува критики и обвиненија на погрешна адреса, кога станува збор за случајот ФЕНИ, денес повторно сме сведоци како Слаѓана Тасева ги крши основните принципи за кои се залага Транспаренси Интернешнл, и уште поважно прекрши сериозни човекови права, кои се заштитени со закон, како во Македонија, така и на меѓународно ниво, соопшти ГСОЛ/ Еуроникел.

– Токму според законот за заштита на лични податоци, Тасева треба да знае (и да го применува законот) дека со објавување на документи во јавност, има обврска да ги отстрани личните податоци на индивидуални лица. Заради овој сериозен прекршок направен од страна на Тасева, двете лица кои се споменати во документите објавени од страна на Транспаренси ќе поднесат прекршочна пријава според член 9 од Законот за заштита на лични податоци.

Се прашуваме дали Тасева навистина следи што се случува во, како што вели самата случајот ФЕНИ со оглед на тоа дека во текот на вчерашниот ден беше доставен ревидираниот план за реорганизација според насоките на Апелацискиот суд. Ова не е првпат Тасева да си поигрува со информациите и притоа да не ја презентира и втората страна во случајот. Поради тоа веќе е поднесена тужба за клевета во Основниот суд во Скопје за изнесените наводи на прес конференцијата каде Тасева, повторно спротивно декларираните принципи на Транспаренси Интернешенел, се стави себеси во функција на еден правен субјект, без воопшто да го земе предвид целокупниот контекст.

Се надеваме дека оваа тенденција на еднострано застапување не е политика на Транспаренси Интернешнл, бидејќи во случајов недостасува зборот транспарентност во нивните постапки. Вредностите на Транспаренси Интернешнл за кои организацијата се залага се транспарентност, одговорност, интегритет, солидарност, храброст, правда и демократија, и Тасева во нејзината функција треба да стои во одбрана на сите овие принципи и примена на словото на законот, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...