Грчкото до руското МНР: Треба да запре непочитувањето кон Грција

195

Денешните изјави на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи се карактеристичен пример на непочитување на трета земја, како и недостатокот на разбирање на современиот свет во кој државите, независно од големината, имаат автономија да водат независна, демократска и повеќе димензионална надворешната политика, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, во одговорот на изјавите на портпаролката на руското МНР.

Од грчкото МНР велат дека податоците врз база на кои Грција реагирала за четворицата руски државјани, од кои двајца дипломати беа протерани, а двајца добија забрана за влез во земјата, им биле навремено презентирани на руските власти, „иако самите руски власти многу добро ги знаат постапките на нивните луѓе“.

– Континуираното непочитување на Грција мора да запре. Никој нема право да интервенира во нејзините внатрешни случаи. Неоснованите тврдења, според кои, одлуката е донесена под притисок на трети, не се вредни за коментирање и покажуваат менталитет на луѓе кои не ги разбираат принципите и вредностите на грчката надворешна политика, пишува во соопштението од грчкото МНР.

Официјална Атина вели дека, Грција од самиот почеток се стремела да ги разграничи активностите на дипломатите од официјалната руска надворешна политика, но со денешните изјави „портпаролката на руското Министерството за надворешни работи ги усвојува и покажува како да сака да ги легализира тие нелегални активности“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...