Грчкиот Парламент го усвои Буџетот за 2019 година

Буџетот за 2019 го поддржа и пратеник од опозициската партија Сојуз на централисти.

74
Photo: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Со 154 гласа „за“ и 143 „против“, грчкиот Парламент доцна синоќа го усвои Буџетот на Грција за следната година, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на процесот на гласање, поранешниот шеф на грчката дипломатија и лидер на движењето Прато, Никос Коѕијас, дофрли дека гласа „за“ Буџетот, но не и за законот за тајните фондови кои не поминуваат преку Парламентот.

– Побарав од Владата да ја прифати позицијата дека како што тајните фондови на Министерството за надворешни работи поминуваат преку Парламентот, така да поминуваат и сите други преку Парламентот – изјави Коѕијас.

Буџетот за 2019 го поддржа и пратеник од опозициската партија Сојуз на централисти.

Додека траеше расправата за Буџетот, синдикатите одржаа протести во центарот на Атина.

Оној што беше организиран од синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) помина со особено мала посетеност, додека пак, како што е секогаш случај, масовно помина протестот организиран од синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција.

Фото: -EPA-EFE-YANNIS-KOLESIDIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...