Грчкиот Парламент го изгласа укинувањето на студентскиот имунитет

128

Во грчкиот Парламент вечерва поминаа измените во законот со кои се укинува студентскиот имунитет.

Владејачката Нова демократија и десничарско ориентираната партија Грчко решение беа „за“, Движењето за промена гласаше „присутно“, а Комунистичката партија против, а СИРИЗА и МЕРА25 не присуствуваа на гласањето, бидејќи претходно ја напуштија седницата во знак на протест против поднесените амандманите од министерот за труд, jави дописничката на МИА од Атина.

Во исто време со гласањето, пред Парламентот протест одржаа студентите кои не се согласуваат со измените во законот што ги донесе владата.

Собирот помина мирно и со мал одѕив, а студентите во разговор со дописничката на МИА од Атина рекоа дека нема да се откажат и со демонстрациите ќе продолжат од септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...