Грчката крајбрежна служба по море бркала криумчар на мигранти

157

При патрола во близина на островот Самос, грчката крајбрежна служба открила 10 бегалци и мигранти и го упасила нивниот 18-годишен криумчар, jави дописничката на МИА од Атина.

На апсењето му претходела „брканица“ по море и испукани куршуми во воздух за да биде запрен криумчарот.

По добиените информации, брод на грчката крајбрежна служба во близина на островот Самос лоцирала глисер што се движел со голема брзина.

– Лицето што управуваше со бродот одби да ги почитува упатствата на припадниците на крајбрежната служба од Самос и започна со опасни маневри за да побегне. Припадниците на крајбрежната служба откако испукаа предупредувачки истрели на безбедно место, го запреа глисерот и го уапсија лицето – соопштуваат од грчката крајбрежна служба.

Претходно, биле спасени 10 бегалци и мигранти, а истрагата покажала дека уапсениот 18-годишен странски државјанин е криумчарот што од турското крајбрежје ги пренел на грчкиот остров.

Паралелно, во друг случај, во близина на грчкиот остров Хиос биле пронајдени и спасени 25 бегалци и мигранти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...