Грција ќе ја прошири морската граница кон Албанија

-По децении, тоа ќе биде првпат, Грција да го прошири својот територијален хоризонт - посочи Коѕијас.

259

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, потврди дека Грција и Албанија се пред финализирање на договорот за морската граница или како што ја нарекува ексклузивната економска зона.

Во интервју за радиото Њус24/7 Коѕијас дава и детали околу тоа што официјална Атина очекува од преговорите.

-Ние сакаме да имаме 100 отсто влијание на островите, особено оние околу Крф и пред се Отон. Ова го велам затоа што, во договорот од 2009 година, добивме влијание од 100 отсто. Но, Уставниот суд на Албанија констатира дека во договорот што Константин Караманлис го направи во 1997 година со Италија, влијанието што самиот Караманлис го даде за Отон беше 70 отсто. Како резултат на тоа, постои правна тешкотија, но верувам дека ќе го надминеме до максимум, рече Коѕијас.

Што се однесува до понатамошното ширење на територијалните води до 12 милји, грчкиот министер изјави дека тоа ќе биде постепено. Тој го изедначи ова движење со проширување на територијалниот хоризонт.

-По децении, тоа ќе биде првпат, Грција да го прошири својот територијален хоризонт – посочи Коѕијас.

И во ова интервју,како и многупати претходно, тој категорично отфрла дека некогаш на преговорите со Тирана станало забор за Чамите.

-Не сме разговарале никогаш а ниту прифаќам некогаш да дискутираме за прашањето за Чамите.Да бидеме на јасно.За нас такво прашање не постои, категоричен е Коѕијас.

Според здружението на протераните Чами, Чамерија е територија во северна Грција во која живееле етнички Албанци, а останала надвор од Албанија на амбасадорската конференција во Лондон 1913 година. Областа и била доделена на Грција, а во 1945 година повеќе од 35.000 етнички Албанци биле протерани и неколку илјади убиени поради „соработка со окупаторските германски и италијански власти“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...