Грција зафатена од невреме

Според грчката национална опсерваторија, најсилен ветер со брзина од 116 километри на час бил регистриран во планинското село Мавролитари во централна Грција.

164

Обилниот дожд и силниот ветер со над 100 километри на час што вчера ја зафатија Грција создадоа проблеми во повеќе делови од земјата.

Најпогодени од невремето беа регионот Епир и островот Крит, а проблеми имаше и во поморскиот и авионскиот сообраќај поради силниот ветер, јави дописничката на МИА од Атина.

Во градот Арта во областа Епир, силниот и обилен дожд предизвика проблеми на патната мрежа.

Во повеќе делови на Грција, бродовите останаа закотвени на пристаништата по забраната за пловење издадена поради силниот ветер, а на Крит, авион што полетал од Атина, откако не можел да слета во градот Ираклио на островот, повторно се вратил во грчката престолнина.

Според грчката национална опсерваторија, најсилен ветер со брзина од 116 километри на час бил регистриран во планинското село Мавролитари во централна Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...