Грција ги добива последните 15 милијарди евра од програмата за спас

Средствата во висина од 15 милијарди евра ќе бидат префрлени откако ќе завршат националните процедури.

190

Советот на директори на Европскиот механизан за стабилност (ЕСМ) одобри исплата на последната транша од програмата за спас на Грција.

Средствата во висина од 15 милијарди евра ќе бидат префрлени откако ќе завршат националните процедури.

Земјите членки на евро зоната синоќа изразија подготвеност за исплата на последната транша за Грција, но средствата ќе бидат префрлени на почетокот од август поради приговорите на Германија за неконзистентно продолжување на намалените стапки на данокот на додадена вредност (ДДВ) за некои грчки острови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...