Грејс Џонс на 71-годишна возраст ги засени помладите колешки (ВИДЕО)

309
ФОТО: EPA / Julien de Rosa

Пејачката, глумица и манекенка Грејс Џонс се  појави на модната ревија на Томи Хилфигер на Модната недела во Париз. За Бонд девојката која е на самиот почеток на осмата деценија од животот, многумина би рекле дека ги засени повеќето од своите  помлади колешки како главен адут за реклама на новата колекција која ја дизајнираше Зендаја Колмен.

Џонс се појави на модната писта во металик јакна и златно боди, танцувајќи на песната „Pull up to the bumper”.

За неа, поп ѕвездите Ријана и Лејди Гага признаа дека им е огромна инспирација… А, кога Лејди Гага ѝ понудила соработка, Грејс, дрска како и секогаш, во истиот миг ја одби со образложение дека не работи со плагијаторки на нејзината работа.

ФОТО: EPA / Julien de Rosa

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...