Во борбата против масното ткиво традиционално се користат грејпфрутот и оцетот. Нарингенин, антиоксидансот кој се наоѓа во грејпфрутот и во цитрусното овошје, го поттикнува црниот дроб на разградување на мастите и истовремено ја зголемува чувствителноста на инсулин, објавил тимот на научници од Ерусалим и од САД.
Во истражувањето објавено во 2010. година во списанието Plos One откриено е дека нарингенинот со поттикнувањето на црниот дроб на разградување на масните киселини всушност создава услови во организмот кои се слични на оние за време на пост. Имено, се чини дека тој антиоксиданс го имитира делувањето на лековите кои се користат за снижување на маснотиите и шеќерот во крвта нудејќи ги предностите од двата лека.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey