Грејм: САД ќе го признаат израелскиот суверенитет над Голанска Висорамнина

125

Американскиот сенатор Линдзи Грејм изјави дека ќе се залага САД да го признаат израелскиот суверенитет над Голанска Висорамнина.

Тоа е територија на Сирија, што Израел ја окупира во Шестдневната војна во 1967 година, а во 1981 година ја анектира, но тоа не е признаено од поголемиот дел на меѓународната заедница.

Републиканскиот сенатор од Јужна Каролина денеска заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот амбасадор во Израел, Дејвид Фридман  ја посети Голанска Висорамнина, при што истакна дека планира „да ја убеди американската администрација да ги смени ознаките на областа бидејќи Голан не е спорен“.

Републиканските сенатори минатиот месец предложија закон со кој ќе се признае израелскиот сувернитет над Голанска Висорамнина, а Грејм тврди дека за тоа постои поддршка од двете партии во американскиот Конгрес.

Израел и Сирија немаат потпишано примирје, што значи дека официјално и понатаму се во војна.

Израелски авиони често извршуваат воздушни напади во соседна Сирија врз ирански цели

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...