Активистката Грета Тумберг не му одговори директно на американскиот претседател Доналд Трамп на забелешката да го смири гневот, но не му останани должна.
Таа на својот твитер профил напиша дека е „тинејџерка која работи на својот проблем на контрола на гневот и дека во моментов се смирува и со пријателите гледа добар стар филм“.
Трамп, денеска реагираше кон Тунберг, нарекувајќи го смешно тоа што е избрана од „Тајм“ за личност на годината.
– Грета ќе мора да поработи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа да гледа добар стар филм со пријатели“, напиша Трамп на Твитер.
– Олабави, Грета, олабави!- додаде тој.