Граѓанските со анализа бараат промени на Законот за сметководство

Непрофитните преку проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европската Унија подготвија анализа на законот кој им ја испрати до институциите.

500

Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации која ја сочинуваат 70 граѓански организации бара измени во Законот за сметководство на непрофитните организации.

За таа цел преку проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европската Унија подготви и анализа на законот кој им ја испрати до институциите.

Анализата е подготвена од „Конект“, Фондација „Аполонија“ и Центарот за даночна политика.

Препораките во анализата која е испратена до институциите се подлога за започнување дијалог за промените и треба да им користи на институциите при дефинирањето на идните измени на Законот.

Законот за сметководство на непрофитните организации ги пропишува сметководствените принципи и правила, како и основните финансиски информации по кои известуваат граѓанските организации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...