Управата за јавни приходи информира дека вчера заврши првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15% од пресметаниот ДДВ којашто се спроведува согласно Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица.
„Од воведувањето на мерката на 1.07.2019 до 30.09.2019 година регистрирани се 170, 378 корисници на апликацијата МојДДВ, скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е промет од 11.423.978.620 денари, вкупен ДДВ 1.241.434.628 денари додека повратот на 15 % од пресметаниот ДДВ изнесува 186.215.194 денари, односно 3.028.000 евра“, соопшти УЈП.
Согласно Законот, средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември 2019 година на граѓаните ќе им бидат исплатени на нивните трансакциски сметки до крајот на декември 2019 година.
Натаму ќе следува исплата во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември, во април за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември.