Граѓаните од дома ќе следат до каде им е постапката за откуп на дворно место

Управата за имотно правни работи во 2018 година активно работеше на Менаџмент информациониот систем со кој се зголемува ефикасноста на услугите што ги нуди Управата. Набавени беа и скенери со повисоки перформанси, а сѐ со цел полесно и поедноставно внесување на предметите во Системот.

1046

Од второто тримесечје годинава граѓаните ќе можат да си го следат својот предмет за приватизација на градежното место од дома. Ова беше истакнато на денешната работна средба на министерот за финансии, Драган Тевдовски со директорката на Управата за имотно правни работи Шасине Касами.

Управата за имотно правни работи во 2018 година активно работеше на Менаџмент информациониот систем со кој се зголемува ефикасноста на услугите што ги нуди Управата. Набавени беа и скенери со повисоки перформанси, а сѐ со цел полесно и поедноставно внесување на предметите во Системот.

До крајот на март планирано е сите предмети за приватизација на градежно земјиште да бидат внесени во Системот по што ќе биде развиена дополнителна можност за пристап во Системот на самите поднeсители на барања, кои во секој момент ќе имаат увид во статусот на нивното поднесено барање.

Годинава, како што информира директорката, ќе се менува и Законот за приватизација на градежното земјиште со цел упростување и прецизирање на постапките. Воедно се работи и на измени со цел забрзување на постапката за решавање на предметите кои се однесуваат на колективните станбени згради.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...