Само по основ на потрошувачки ненаменски кредити граѓаните во банките долажт 1,4 милијарди евра а здолженоста за станбени кредити се доближи до 777 000 000 евра – покажува пресекот на податоците за првото банкарско полугодие, пишува во неделната економска анализа на Portalb.mk. Вкупната депозитна база заклучно со шестиот месец изнесува 6,3 милијарди евра. Народната банка на крајот од јуни и на месечно и на годишно ниво регистрираше раст на штедењето и на кредитирањето, сепак кај кредитирањето на компаниите се забележуваат „срамежливи“ стапки на раст, што е показател за натамошна зголемена внимателност и кај кредиторите и кај клиентите.
Најголеми долгови за потрошувачки и станбени кредити …
Првото банкарско полугодие од 2019 година заврши со раст на вкупните кредити на годишно ниво од 8,1%. Официјалните податоци покажуваат дека на крајот од шестиот месец од годинава вкупната кредитна изложеност кон банките изнесува 5,38 милијарди евра што на месечно ниво преставува раст од 0,7%. Пораст има и кај денарските и кај девизните кредити. За домаќинствата и натаму најатрактивни се потрошувачките ненаменски кредити и станбените кредити, првите се со годишен раст од 12% а вторите со стапка на раст на годишно ниво од 12,9%. На трето место според износот на задолженост на домаќинствата се кредитните картички. Еве колку и по кој основ должеле граѓаните заклучно со јуни, 2019 година.
Кредити дадени на физички лица:
Потрошувачки кредити 1,4 милијарди евра
Станбени кредити 777 милиони евра
Кредитни картички 195,2 милиони евра
Негативни салда на тековна сметка 111,4 милиони евра
Автомобилски кредити 5,2 милиони евра
Други кредити 68,6 милиони евра
Растот на кредитирањето е нотиран и во најновиот Извештај за монетраните движења.
„Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 1,5% и 1,0%, соодветно, при годишно зголемување од 12,0% и 12,9%, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити забележаа месечен пад од 1,2%, при годишен раст од 4,0%, додека кредитите одобрени на кредитни картички на месечно и на годишно ниво остварија намалување од 0,4% и 1,5%, соодветно. Негативните салда на тековните сметки забележаа месечен и годишен раст од 1,9% и 2,7%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи остварија месечен раст од 0,4%, при истовремен годишен пад од 8,2%“, соопштија од НБМ.
Во јуни, кредитирањето на фирмите е со месечна стапка на мал раст од 0,2% којашто во целост се должи на зголеменото кредитирање во странска валута, додека кредитирањето на корпоративниот сектор на годишна основа е со раст од 6,4%.
Во банките „лежат“ 6,3 милијарди евра …
Со пораст на штедењето и на фирмите и на домаќинствата, во јуни на месечно ниво е регистрирар раст на вкупните депозити од 0,9% а на годишно ниво депозитната база е зголемена за 10,5%.
Структурата на штедењето покажува дека корпоративниот сектор на крајот од шестиот месец од годинава раполагал со депозити во износ од 1,6 милијарди евра, а домаќинствата во банките чувале 4,2 милијарди евра.
– Вкупните депозити на домаќинствата забележаа месечен раст од 0,4%, во најголем дел заради растот на депозитните пари, како и растот на орочените депозити во денари и во странска валута. Годишниот раст изнесува 9,0% и произлегува од зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари и во странска валута – велат од Народната банка.
Анализите покажуваат дека банките во земјава и натаму „пливаат“ во пари, односно високата ликвидност и натаму е со нагорен тренд. Вишокот на слободни парични средства ги насочуваат кон расположливите депозити кај Народната банка
– Банките во целост ја задоволија повисоката побарувачка од сопствени средства, при што вишокот девизна ликвидност којашто произлегуваше од повисокото кредитирање со валутна клаузула и флексибилното управување со девизните средства и обврски го насочија на меѓубанкарскиот девизен пазар – велат од НБМ и посочуваат дека е изменерно ниско и стабилно учество на нефункционалните во вкупните кредитни во портфолија на банките.