Граѓаните најмногу земаат кредити за стан и за кола

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории - потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од 1,3% и 2 отсто, како и годишен раст од 14,6% односно од 12,7%.

755

Граѓаните и во декември лани се задолжувале кај банките. Најмногу земале потрошувачки и станбени кредити, а намалување има кај нивното задолжување на кредитни картички. Ова го покажува месечниот извештај на Народната банка.

Кај вкупните кредити на домаќинствата е евидентиран месечен раст од 0,7 отсто, со тоа што повеќе се задолжувале во странска валута отколку во денари. Анализирано на годишна основа, кредитирањето на домаќинствата бележи раст од 10,5 отсто, при малку поизразен придонес во растот на кредитирањето во денари.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од 1,3% и 2 отсто, како и годишен раст од 14,6% односно од 12,7%. Автомобилските кредити во декември забележаа месечен и годишен раст од 1,6%, односно од 1,4%. Кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,3% односно од 2,6%, на месечна и на годишна основа.

Кај негативните салда на тековните сметки е евидентиран месечен и годишен пад од 13,2% односно од  1,7%, додека кредитите одобрени врз други основи, овој месец, се пониски на месечно и на годишно ниво за 0,4% и 10,6%.

Но, граѓаните освен што се задолжувале кај банките и штеделе. Вкупните депозити на домаќинствата, во декември лани, се повисоки за 3,1% во споредба со претходниот месец, главно како резултат на зголемените депозитни пари.

На годишно ниво, стапката на раст изнесува 7,9% и е резултат на растот кај сите компоненти, со поголем придонес на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...