Граѓаните наскоро ќе имаат увид во податоците на институциите

Во тек е изработка на посебна веб-страна data.gov.mk каде што овие податоци ќе бидат бесплатно достапни за граѓаните.

265

Државните институции и локалните власти ќе ги објавуваат  податоци за своето работење. Ова го предвидуваат Стратегијата и Акциски план за отворени податоци кои што ги донела Владата минатата седмица.

– Претстои период на обука на институциите во врска со концептот за отворени податоци, а во секоја институција ќе треба да има посебен офицер за отворени податоци, кој ќе биде задолжен да ги обајвува податоците во соодветна форма- инофрмира на прес-конфернеција министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Како што информира Манчевски во тек е изработка на посебна веб-страна data.gov.mk каде што овие податоци ќе бидат бесплатно достапни за граѓаните.

Манчевски смета дека отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој, и да се искористат и за подобрување на управувањето преку зголемување на транспаретноста, на отвореноста, на интегритетот и на јавното учество и во локалната и во централната власт.

– Се работи за мета податоци кои ќе бидат ставени во функција и кои ќе бидат користени за анализи и за обработки. На национално и на локално ниво различните државни институции обезбедуваат многу услуги кои често се игнорирани, потценети или несоодветно претставени, односно граѓаните не ги познаваат доволно – рече Манчевски.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...