Граороски е нов директор на прилепски „Еурокомпозит“

306

Дипломираниот машински инженер од Прилеп Златко Граороски е нов директор на прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“. Граороски, кој доаѓа од приватна фирма, вели дека денеска официјално е назначен од претставникот на државниот капитал на компанијата.

– Сѐ уште ништо не може да се рече. Треба да се скенира ситуацијата во фирмата – рече кратко Граороски.

Според синдикатот на компанијата, добро е што конечно се реши прашањето за назначување директор на „Еурокомпозит“ и се очекува наредните три месеци да се реши и прашањето за судбината на вработените и на компанијата.

– Нам како на вработени и на синдикат ни е битно што е избран прв човек на компанијата, да земаме редовно плата и наредните три месеци да се реши судбината на компанијата, но и да се конкретизира пакетот за технолошки вишок како што последно е договорено со премиерот Заев – изјави  Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“.

Во наменската фабрика „Еурокомпозит“ се околу 260 вработени и според договорот се очекува да се реши судбината на компанијата со стратешки инвеститор со што ќе се исплатат заостанатите плати и придонеси за вработените како и оформување пакет за технолошки вишок за 100 вработени. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...