Гран при за „Једваносимсобоакаломистобо“ на „Гола месечина“

211

Наградата Гран при за најдобра претстава е доделена на „Једваносимсобоакаломистобо“ на „Сараевскиот воен театар – САРТР“, Босна и Херцеговина, а режисерот Алеш Курт доби награда за најдобра режија.

Ова е одлуката на меѓународното жири на 5. Интернационален фестивал на комедијата „Гола месечина“ 2018, што се одржа од 18 до 24 јуни, во состав Иван Лео Лемо (претседател на жирито), Магдалена Ризова Черних (член) и Љупчо Петрушевски (член), по проследувањето на шесте претстави (три од Македонија и три од регионот).

Наградата за најдобра машка улога му се доделува на Фаик Mефаилоски за ликот на Ерџан во претставата „Синиот портокал“ на „Театар Џинот “ од Велес, Р. Македонија.

Наградата за најдобра женска улога ѝ се доделува на Сања Крстовиќ за ликот на Живка (Г-ѓа. Министерка) во претставата „Госпоѓа Министерка“ на Народниот театар од Ниш, Р.Србија.

Награда за најдобра епизодна улога се доделува на Анета Томашевиќ за улогата Госпоѓа Потер во претставата „Kидај из моје кухиње” на Шабачкиот Театар.

Награда за костимографија се доделува на Елена Дончева за претставата „Дванаесетта ноќ (спроти Водици)“ на Н.Т. „Антон Панов“ – Струмица.

Награда за млад актер им се доделува на актерите Ефтим Трајчев Ѓаурски од Н.Т. Штип, за улогата во претставата „Умри машки“ и на Давор Сабо од „Сараевскиот воен театар – САРТР“ за улогите во претставата „Једваносимсобоакалимистобо“.

Вечерва фестивалот ќе се затвори со претставата „Тоби“ во продукција на Театар за деца и младинци – Скопје, по што следува официјалното доделување на наградите, а веднаш потоа ќе го проследите настапот на стендап комичарот Марјан Ѓорѓиевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...