Грантови од 3.000 евра за жените кои ќе отворат бизнис на село

Проектираната поддршка е за инвестиции во доработка и преработка на примарни земјоделски производи, но и за набавка на опрема за постбербени активности, како и за директна продажба од фарма.

155

Жените во руралните средини да се охрабрат и да почнат сопствен бизнис, да станат носители и креатори на домашната економија, а не да бидат само дел од неа, порачаа денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски.

Тие соопштија дека е објавен повикот за грантови за жените земјоделки.

Јавниот повик  предвидува неповратни пари од максимум 180.000 денари или 3.000 евра за подносителите на барањата, а крајниот рок за аплицирање е 26 декември 2019.

Целта е јакнење на руралните жени и подобрување на нивната економска состојба.

Проектираната поддршка е за инвестиции во доработка и преработка на примарни земјоделски производи, но и за набавка на опрема за постбербени активности, како и за директна продажба од фарма.

Корсиници на средствата можат да бидат земјоделски стопанства чиј носител е жена, правни лица водени од жена, односно трговски друштва или трговци – поединци регистрирани согласно Законот за трговски друштва.

Мерката ќе опфати овошје и зеленчук, житарки и мелнички производи, растителни и животински масла, шира и сок од грозје, вино, оцет, маџун, месо и месни производи, млеко и млечни производи,…

-Прифатлива инвестиција е и набавка на опрема за ладење и замрзнување, сечење, конзервирање, сушење и етикетирање на производи, опрема за мерење и квалитет, за манипулација, утовар и истовар, за подобрување на стандардите за благосостојба на животните – рече Бабовски.

Засега во државава се регистрирани 170.000 земјоделци од кои околу 20 отсто се жени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...