„Гранит“ ќе рехабилитира патишта за 10,5 милиони евра

Договорот потпишан со Јавното претпријатие за државни патишта за три лотови.

825

„Гранит“ ќе работи на рехабилитација на повеќе регионални и локални патишта во земјава. Договорот потпишан со Јавното претпријатие за државни патишта за три лотови објавен на сајтот на Македонска берза е во висина од 10,5 милиони евра.

За период од осум месеци компанијата треба да ги проектира и рехабилитира патот од Jурумлери-Драчевo, Битола-Демир Хисар и Драчево-Орешани-Таор. Овие патишта ќе чинат над 3, 4 милиони евра

Исто така, „Гранит“ за износ од 3,3 милиони евра треба да ги рехабилитира делниците Делчево-Звегор,Делчево-Пехчево и Берово-Виница. Иовие патишта според договорот треба да бидат завршени за осум месеци.

Дополнително за период од една година компанијата ќе работи на рехабилитација на делниците Струмица-Ново Село Кавадарци-Росоман и Фурка-Богданци-Гевгелија. Вредноста на оваа работа на компанијата е договорено да изнесува 3,7 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...