Откако популарната Аријана Гранде напиша порака за бившиот, Мак Милер, на Денот на благодарноста, пишувајќи „недостасуваш“, доби и неочекувани реакции. „Таа сака да ќари од неговата смрт“, „Аријана, остави … жали се зад затворени врати. Немој да ја искористуваш неговата смрт, не беше покрај него кога му беше најтешко пред да се случи“ се само дел од коментарите.
– Се молам да не мора да се справувате со вакво нешто. Кога читам некои коментари, ми се гади. Се плашам од начинот на кој поединци размислуваат, не го сакам светов поголем дел од времето. Кога би можеле само да бидеме почувствителни и понежни едни кон други, би било супер – напиша Гранде на Твитер.
i pray you never have to deal with anything like this ever and i’m sending you peace and love.
— Ariana Grande (@ArianaGrande) November 25, 2018
some of the shit i read on here makes me sick to my stomach. it scares me the way some people think and i don’t like this world a lot of the time. if only we could be more compassionate and gentle with one another. that’d be sick.
— Ariana Grande (@ArianaGrande) November 25, 2018
everything i feel is valid and safe. everything i do is genuine and honest. there is no right or wrong during this period.
— Ariana Grande (@ArianaGrande) November 25, 2018
Фото: Инстаграм / принтскрин