Всушност … не сакам „следен“, напишала 25-годишната пејачка Аријана Гранде на Твитер. Тоа се поврзува со нејзината песна „Благодарам, следен“, пренесува „usmagazine“.
– Вистинска љубов не постои. Ви посакувам убав ден – напишала таа.
Потоа таа ја продолжила мислата, објавувајќи „се сеќавам кога бев безнадежно романтична“.
На крај Гранде ги избришала пораките и одлучила да им даде друг совет на оние кои ја читаат.
– Вистинска љубов можеби постои, јас само бев гладна. Но, сепак, батали – додала таа.
Новиот хит на Гранде го сруши рекордот за најгледан музички видео запис во првите 24 часа, кој го држеа корејските момчиња БТС.
„Благодарам, следен“ успеа да добие 50.3 милиони прегледи на Јутјуб за 24 часа.
ФОТО: Инстаграм