По 100.000 денари, еднократна парична помош ќе им додели Град Скопје на семејствата на загинатите во тешката сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Скопје – Тетово, кај Ласкарци.
Одлуката треба да биде усвоена на денешната седница на Советот на Град Скопје на која ќе се расправа по единствена точка на дневниот ред – Одлука за определување еднократна парична помош за семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа кај село Ласкарци.
Photo: EPA/GEORGI LICOVSKI