Град Скопје се извини за грешката со испраќањето линк од видео кое е објавено на 8 јули, а се однесува на прскање против комарци.
„Ја увидовме грешката што ја ни ја посочија дел од вашите колеги новинари, односно сме објавиле видео за почетокот на третото прскање против комарци со авион, а кое што е од почетокот на минатиот месец, односно од второто прскање. Очекуваме ново видео за прскањето против комарци кое ќе се направи утре, и истото ќе ви го доставиме. Закажаното полетување на авионите е во 05 часот на спортскиот аеродром Стенковец. Ве покануваме да дојдете и да присуствувате на подготовката и нивното полетување“, се наведува во извинувањето од Град Скопје.
За потсетување, прскањето со авион почна изминатата ноќ, а ќе се одвива и во наредниве три дена.