Град Скопје: Дојдете на плоштад „Македонија“ да одбројуваме заедно со Дино Мерлин

473

Балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин утревечер ќе ги забавува жителите на Скопје, но и сите гости од земјата и од регионот кои Новата 2020 година ќе ја дочекаат на плоштадот „Македонија“.

Градот Скопје соопшти дека заедно со Дино Мерлин за сите посетители на новогодишната ноќ ќе понуди спектакуларно и уникатно шоу вредно за паметење.

„Градот Скопје Ве поканува на големиот пречек на Новата година во срцето на Скопје. Забавата, утревечер ќе ја отворат музичките групи „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“ почнувајќи од 20:30 часот, а одбројувањето до Новата година ќе го направиме со спектакуларното музичко шоу на регионалната ѕвезда, Дино Мерлин. Дојдете да се забавуваме и заеднички, во добро расположение да и посакаме добредојде на Новата 2020 година“, се наведува во соопштението од кабинетот на Петре Шилегов.

 

 

Со почит,

Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...