Во среда, на 20 ноември 2019, со концерт на Градски оркестар Скопје во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, свечено ќе биде затворено годинашното издание на традиционалната манифестација „Кавадаречка културна есен“.
Манифестацијата годинава донесе над триесет културни и уметнички настани: концерти на етно и класична музика, ликовни изложби, филмски проекции, промоции на книги, работилници за драмска, фолклорна и фото дејност, фолклорен фестивал и др.
Во рамките на манифестацијата се одржа и „Месец на театарот“ во чии рамки се одиграа гостувачки претстави, претстави од редовниот репертоар на кавадаречкиот Театар при Домот на културата, како и премиера на детска театарска претстава. „Месец на театарот“ е посветен на 90 години од првата одиграна официјална театарска претстава во Кавадарци.
Манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2019“ беше отворена на 15 октомври 2019.