Градоначалникот на Њујорк се откажа од трката за претседател на САД

59

Градоначалникот на Њујорк, Бил Де Блазио, прекина денеска своја кампања за кандидат на Демократската партија на американските претседателски избори во 2020 година

Де Блазио (58), ја објави својата кандидатура во мај, и во интервју за Ем-Ес-Ен-Би-Си рече дека ја прекинува кампањата за претседателската номинација на демократите.

„Очигледно не е мое време“, рече Де Блазио, додавајќи дека тој сторил „се што може за примарните избори“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...