Градоначалникот на Загреб, Бандиќ во болница

211

Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ поради белодробна емболија е сместен во Клиниката за белодробни болести Јордновац. Неговата здравствена состојба е стабилна.

Лекарите предвидуваат дека во болница ќе остане околу една седмица, по што ќе продолжи со домашно лекување.

Бандиќ пред еден месец имаше фрактура на ногата, а белодробната емболија е една од компликациите до кои може да дојде поради тоа.

Емболијата се случува кога згрутчување на крв влегува во белодробната артерија и го намалува дотокот на кислород. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...