Во периодот јануари – март годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 775.469.000 денари, што е за 61,1 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Градежната оператива од Македонија во странство во првиот квартал, извршила градежни работи во вкупна вредност од 281.136.000 денари, односно за 12,5 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Статистичките податоци покажуваат дека во првиот квартал годинава е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Босна и Херцеговина