Во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 4,3 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 1,7 отсто, а за вработените се повисоки за 11,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Во првиот квартал годинава во однос на последниот квартал лани, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,6 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 0,5 отсто, а за вработените се пониски за 3,1 отсто.