Градежните компании повеќе трошат за да ги задржат вработените

Во однос на вториот квартал лани трошоците во градежништвото за вработените е зголемено за 12,2 отсто.

277

Во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,9 отсто, за материјали се пониски за 0,5 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 7,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во однос на вториот квартал лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,1 отсто, за материјали се пониски за 0,5 отсто, а зголемување за 12,2 отсто има кај трошоците за трошоците за вработените.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...