Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека 20 нејзини државјани се киднапирани од танкер што превезувал нафта во водите во близина на западна Африка.
„Нашата мисија во Абуџа работи на тоа со нигериските власти, како и со другите соседни земји“, соопшти Министерството.
Оттаму наведуваат дека станува збор за брод што пловел под знамето на Маршалските острови, пренесоа американските медиуми.
Превозникот, во чија сопственост е бродот, на својот сајт објави дека екипажот „бил нападнат“ и дека пиратите се качиле на него во текот на преносот на нафтата од Ангола за главниот град на Того.
Компанијата наведува дека соработува со релевантни претставници во решавањето на инцидентот.