Србија и Косово треба да бидат поддржани на нивениот пат кон Европската унија, изјави хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
– Хрватска нема да се меша во разговорите меѓу Белград и Приштина, но ќе ги следи и охрабрува, истакна Грабар-Китаровиќ по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Според Грабар-Китаровиќ сите, а посебно членките на ЕУ, мораат „да ги задржат Србија и Косово на патот на прегоовирте“.
Осврнувајќи се на улогата на НАТО во Косово, хрватската претседателка нагласи дека Загреб се залага за продолжување на мисијата на КФОР се до целосна консолидација на безбедноста.
– Хрватскиот контингент на КФОР ќе остане толку колку што ќе биде потребно – потенцира Грабар-Китаровиќ.