Го фрлила бебето зашто партнерот се сомневал дека е негово

2048

Осумнаесетгодишната Едина Кастрати од Црна Гора доби тридневен притвор откако призна дека го фрлила четиримесечното бебе во река. Таа пред полицијата рекла дека со тоа дете не ја сакале ни сопругот, ни татко ѝ.

Обвинетата до пред една недела живеела со невенчаниот сопруг В.Х. (24) и другиот 18-месечен син. Кастрати неколку пати бегала од домот на невенчаниот сопруг оти тој се сомневал дека детето не е негово. Наводно, партнерот ја малтретирал физички и психички и таа веќе не можела да издржи.

Во петокот откако го нахранила бебето, го замотала во ќебе и отишла кај реката.

– Ми текна на тоа одеднаш, додека спиеше. Отидов до реката и го фрлив. Кога видов како плови надолу си заминав – изјавила таа во полицијата.

Обвинителството ќе поднесе кривична постапка против неа за убиство на дете, за кое казната е најмалку 10 години затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...