Откако во Шабац е убиен 24-годишниот Игњат Гајиќ, за што е осомничен неговиот брат Богдан, Телеграф објави снимка од улицата Ослободување. Снимката е направена на 20 август околу 3 часот наутро, кога полицијата го начекала Богдан како турка количка во која била телото на неговиот брат.
Видеото е од надзорните камери. На снимката се гледа моментот кога Богдан го запира полицијата и го открила телото.
Станува збор за убиство кое ја шокираше Србија. Злосторството се случило во понеделникот. Осомничениот наводно до смрт го претепал брат му и го избол со нож.