Вооружен маж денеска за време на антивладините протести во Багдад уби шест лица, меѓу кои и четворица демонстранти. Насобраните луѓе го разоружаа напаѓачот, го убија и го обесија на централниот плоштад, соопшти ирачката полиција.
Инцидентот го осудија организаторите на протестот, наведувајќи дека лицата кои го убиле вооружениот напаѓач не биле дел од мирните демонстрации.
Според ирачките власти, напаѓачот, кој бил обвинет за трговија со наркотици бегал од полицијата и пукал при што убил двајца сопственици на продавница, а потоа и четворица демонстранти