Го застрелал берберот незадоволен поради фризурата на својот син

1496

Караница за фризурата на дете во една тексашка берберница завршила со пукање, соопшти денеска полицијата во Хјустон.

Сведоците изјавија дека во саботата во берберница во Хјустон избила кавга помеѓу берберот и таткото на детето, кој не бил задоволен од фризурата. Потоа таткото испукал три куршуми во берберот и избегал со автомобил.

Повредениот бербер е во болница и неговата состојба е стабилна.

Полицијата се уште трага за напаѓачот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...