Го доела детето во авион, а стјуардесата ја замолила да се покрие

Една мајка објавила на Фејсбук дека на летот од Сан Франциско до Амстердам ја доела својата едногодишна ќерка кога дошла стјуардесата и се обидела да ја покрие со ќебенце. Таа одбила да го направи тоа. Дали сте имале слично искуство?

846

Шелби Ејнџел одлучила јавно да ги повика другите родители даразмислат дали ќе летаат си авионите на холандската компанија KLM откако стјуардесата во текот на летот ја замолила да се покрие додека го дои детето.

Таа на Фејсбук објавила дека на летот од Сан Франциско до Амстердам ја доела својата едногодишна ќерка кога дошла стјуардесата и се обидела да ја покрие со ќебенце.

Таа не сака да биде покриена. Давам сѐ од себе да бидам дискретна, но понекогашсе гледа малку кожа. И пред да полетаме ми пријде стјуардесата со кебенце. Ми рече дека мора да се покријам ако имам намера да продолжам да дојам“, објаснила Ејнџел која одбила да го направи тоа.

Тогаш стјуардесата ѝ рекла дека би требало да го направи тоа ако другите патници се жалат, но таа е уверена дека не навредила никого.

Се чувствував ужасно понижена“, додала таа.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...